Mozilla

Напомена за приватност на веб-локации, комуникации и колачиња

Се грижиме за вашата приватност. Кога Mozilla (тоа сме ние) собира информации за вас, нашата Mozzila Политика на приватност опишува како ракуваме со тие информации.

Оваа напомена за приватност важи за веб-локациите и мобилните апликации управувани од Mozilla, во коишто спаѓаат домените mozillians.org, mozilla.org, firefox.com и webmaker.org, меѓу другите. Тука спаѓаат и, на пр., bugzilla.mozilla.org, reps.mozilla.org, careers.mozilla.org, developers.mozilla.org, support.mozilla.org, addons.mozilla.org и wiki.mozilla.org.

Работи што треба да ги знаете

  • Друштвени медиуми: Ако сте активни на нашите сметки на друштвените медиуми, на пр. на Twitter и Facebook, можно е да добиваме лични информации за вас. Ако ги користите овие мрежи, треба да знаете дека се применуваат нивните политики на приватност и ве советуваме да ги прочитате.

  • Кандидати за работа, практикантска работа и стипендија: Од кандидатите за вработување, практикантска работа или стипендија од Mozilla се бара да ни достават име, адреса, телефонски број, адреса на е-пошта и кратка биографија. Овие информации ги користиме за да ги обработиме и оцениме апликациите и за да комуницираме со кандидатите околу можностите што се нудат. Во обработката на апликациите за вработување ни помага независен давател на услуги. За повеќе информации околу обработката на податоци преку независните даватели на услуги (трети страни), погледнете ја нашата Mozilla Политика на приватност.

  • Соработници: Вашето доброволно работење за Mozilla како член на заедницата може да подразбира Mozilla и други лица да комуницираат со вас преку адресата на е-пошта што ја имате дадено во врска со вашата соработка, но и со цел да ви оддадеме признание за вашите напори. Ако придонесувате со Bugzilla, Mozilla Reps или нашата база на кодови, тогаш вашата адреса на е-пошта, а најверојатно и вашето име ќе им бидат јавно достапни на сите корисници на интернет. Ако креирате профил на Mozillians.org, до него ќе имаат пристап вработените на Mozilla и соработниците на Mozilla. Податоците на вашиот профил може да ги уредувате на Поставки за профил. Понекогаш користиме информации за соработник од извори (како на пример Bugzilla) на информативните табли, за да ги споделиме визуелно собраните податоци со заедницата на Mozilla. Еден таков пример еhttps://wiki.mozilla.org/Contribute/Dashboards. Ако е можно, се обидуваме да ги сведеме на минимум информациите за контакт што се јавно достапни.

  • Повратни информации од корисникот: Може да ни пратите повратни информации за нашите производи и услуги на веб-страници како што се input.mozilla.org, преку искуство за производ или преку канали какви што се е-пошта, Bugzilla, IRC, сметка на друштвен медиум, нашата страница Get Involved или преку група каква што е Student Ambassadors. Сведете ги на минимум личните информации што ќе изберете да ги споделувате на овие форуми, затоа што вашите коментари може да бидат јавно достапни.

  • Сметки: Некои веб-локации, на пр. Marketplace, AMO, MDN и Webmaker, бараат да се креира сметка за да може да се поднесуваат програмерски содржини; за да се поднесуваат рецензии на корисници или коментари; или за да се инсталираат одредени типови апликации. Може повремено да добивате е-пораки за вашата сметка.

  • Кампањи за производи и политики: На некои од нашите веб-страници се претставени кампањи за производи или политики. На пример, може да побарате врска преку е-порака или SMS за инсталирање на Firefox на мобилниот уред или да поднесете петиција до вашите законодавци за прашања поврзани со интернетот. За управување со овие кампањи и за ракување со податоците што ги поднесувате користиме услуги од трети страни.


  • Функционалност: Може да користиме колачиња, информации за уредот и IP-адреси за да ја подобриме функционалноста на одредени производи, услуги и комуникации. На пример:

    • Колачињата се користат за да се запомни поставката за вашиот јазик на Firefox и додатоците на Firefox. Исто така, тие помагаат при најавувањето и автентикацијата на корисникот, за да не мора постојано да ги внесувате лозинките на одредени веб-локации на Mozilla.
    • IP-адресите се користат за приспособување на комуникациите според јазикот и земјата.
    • Информациите за уредот, како што се земјата, јазикот, операторот и производителот, може да се користат за приспособување на вашето искуство на Firefox Marketplace и Webmaker.
  • Метрика: Чистите GIF-датотеки, колачињата и услугите од трети страни ни помагаат да анализираме сумарни информации за тоа како корисниците ги користат нашите производи, услуги, комуникации, веб-локации, кампањи на интернет, исечоци, уреди и други платформи. Користиме:

    • Google Analytics, којшто поставува колаче на вашиот уред, за да добиеме метрика во врска со начинот на кој корисниците ги користат нашите веб-локации. Ова ни помага да ја подобриме содржината на веб-локациите.
    • Optimizely и ShareProgress, коишто поставуваат колаче на вашиот уред, за да ни помогнат да ги тестираме варијациите на веб-содржините. Ова ни помага да им понудиме подобро веб-искуство на корисниците.
    • DoubleClick, којшто користи чиста GIF-датотека на нашата страница за преземање на Firefox. Ова ни помага да ја измериме ефикасноста на нашите рекламни кампањи.

  • Историја на колачиња: Може да прифаќате или да одбивате поединечни колачиња во претпочитаните вредности за Firefox, во секцијата Историја во Алатки/Опции/Приватност. Имајте предвид дека одредени функции на нашите производи и услуги може да не функционираат правилно без помош на колачињата.

  • Без следење: Mozilla не ги следи корисниците преку веб-локации на трети страни за да обезбеди насочено рекламирање. Во Firefox, може да ја овозможите опцијата Без следење во секцијата Алатки/Опции/Приватност. Ова ви овозможува да им покажете на веб-локациите на трети страни што претпочитате кога станува збор за начинот на собирање и користење на вашите информации на интернет.

  • Е-пошта: Приемот на нашите рекламни комуникации не е задолжителен и може да се откажете од нивно користење во подножјето на е-пораката или со ажурирање на вашите Mozilla Претпочитани вредности за е-пошта. Функцијата за чисти GIF-датотеки може да ја оневозможите со прикажување на нашите е-пораки во формат „само текст“.

  • Аналитика и оптимизација: Следете ги инструкциите подолу за да спречите собирање податоци за вашите посети на веб-локациите на Mozilla:

  • Google: Инсталирајте Додаток за веб-прелистувачот за исклучување на Google Analytics, што овозможува вашите посети да бидат анонимни и забранува пренос на податоци до Google Analytics. Некои страници на Mozilla.org користат чисти GIF-датотеки коишто комуницираат со DoubleClick за да ја анализираме ефикасноста на нашите рекламни кампањи; може да ги контролирате персонализираните реклами од DoubleClick во поставките за реклами на Google (ќе ви биде побарано да се најавите на вашата сметка на Google).
  • Optimizely: Откажете на www.mozilla.org или посетете ја веб-локацијата за откажување на Optimizely за повеќе информации.
  • ShareProgress: Може да ја вклучите функцијата Без следење во веб-прелистувачот.

  • Друштвени медиуми: Копчињата на веб-локациите на Mozilla што служат за споделување на друштвени медиуми се дизајнирани така што не споделуваат податоци со друштвениот медиум сѐ додека не го кликнете соодветното копче.


  • Обработка на плаќањата: Mozilla не добива никакви финансиски информации што се пренесуваат од вас до нашите даватели на услуги за обработка на плаќања. Името на третата страна ќе се прикаже во моментот на трансакцијата. За повеќе информации околу обработката на податоци преку независните даватели на услуги (трети страни), погледнете ја нашата Mozilla Политика на приватност.