Работи што треба да ги знаете
Firefox автоматски се поврзува со нас и со нашите даватели на услуги за да обезбеди ажурирања, безбедност, исечоци, здравствен картон на Firefox (Firefox Health Report) и други функции.
-
Ажурирања на прелистувач и додатоци
Ажурирања на прелистувач: Еднаш дневно, Firefox ги испраќа следниве информации до Mozilla кога проверува дали се достапни ажурирања за прелистувачот: информации за верзијата на Firefox, претпочитаниот јазик, оперативниот систем и верзијата. Може да ги исклучите ажурирањата следејќи ги овие упатства, но тоа може да ве изложи на безбедносни проблеми.
Список со блокирани додатоци: Firefox контактира со Mozilla еднаш дневно и ги проверува информациите за додатоците со цел да провери дали има злонамерни додатоци. Тука спаѓаат, на пример: верзија на прелистувач, оперативен систем и верзија, локални стандарди, вкупен број на барања, време на последно барање, време од денот, IP-адреса и список со додатоци што ги имате инсталирано. Може да ги исклучите ажурирањата на метаподатоците во секое време, но тоа може да ве изложи на безбедносни проблеми.
-
Исечоци
Стандардната почетна страница на Firefox (<about:home>) вчитува мали делови со информации веднаш под лентата за пребарување што сметаме дека ќе ви бидат корисни. Тие делови ги нарекуваме „исечоци“. Отприлика еднаш дневно, Firefox се поврзува со Mozilla и ви обезбедува нови исечоци, ако ги има на располагање. Можно е Mozilla да собира податоци за тоа колку често кликнувате на исечоците, името на исечокот, локалните стандарди за прелистувачот и верзијата на Firefox што ја користите. По 60 дена, овие информации ги задржуваме само во агрегирана форма.
За да помогне при прикажувањето на релевантни исечоци, Firefox испраќа месечно барање до Mozilla за да ја побара вашата локација на ниво на земја, користејќи ја вашата IP-адреса. Тие информации на ниво на земја ги испраќаме назад до Firefox, каде што се чуваат локално. Потоа, Firefox ќе избере кои исечоци ќе ви ги прикаже, според локално зачуваните информации за земјата.
Некои исечоци спонзорирани од Mozilla се интерактивни и ви дозволуваат, доколку сакате, да ги споделите телефонскиот број или адресата на е-пошта. На пример, може да го внесете вашиот телефонски број за да добиете SMS-порака за инсталирање на Firefox на Android. Вашите информации ги прима и со истите ракува наш соработник за е-пошта и за рекламирање преку мобилни уреди.
-
Здравствен картон на Firefox (Firefox Health Report)
Здравствениот картон за Firefox (FHR) е дизајниран со цел да ви обезбеди увид во стабилноста и перформансите на вашиот прелистувач и да ви даде поддршка со совети доколку се соочувате со проблеми, како на пример висока стапка на уривања или бавни вклучувања на прелистувачот. Mozilla ги собира и ги агрегира вашите податоци со податоците на другите корисници на Firefox и ги испраќа назад до вашиот прелистувач за да може да видите како перформансите на вашиот Firefox се менуваат со текот на времето. На пример, во овие податоци спаѓаат: хардвер на уредот, оперативен систем, верзија на Firefox, додатоци (број и вид), временска распределба на настани во прелистувачот, графички приказ, обновувања на сесии, должина на сесија, колку е стар одреден профил, број на уривања и број на страници. FHR не ги испраќа до Mozilla веб-адресите што ги посетувате.
Податоците испратени преку FHR ги користиме за да им ја обезбедиме функционалноста на FHR на корисниците, односно да ви помогнеме при анализата и решавањето проблеми со перформансите на вашиот прелистувач. Исто така, агрегираните податоци што ги добиваме од FHR ги користиме за подобрување на Firefox. Може да изберете да го исклучите споделувањето податоци.
-
Безбедност
Firefox автоматски проверува дали има злонамерни или фалсификувани веб-страници, нефункционални додатоци и SSL-сертификати издадени од трети страни.
Сертификати за безбедни веб-локации: Кога посетувате безбедна веб-локација (т.е. „https“), Firefox ќе го провери сертификатот на веб-локацијата. Тоа може да вклучува комуникација со давател на услуги (трета страна) за утврдување статус, наведен во сертификатот. Firefox испраќа до оваа трета страна информации со кои го идентификува сертификатот на веб-локацијата. Вашите претпочитани вредности може да ги смените, но доколку ја исклучите функцијата за верификација преку интернет, Firefox нема да може да го потврди идентитетот на веб-локацијата што ја посетувате. Исклучувањето на оваа функција може да го зголеми ризикот од пресретнување на вашите приватни информации. Доколку наидете на недоверлива врска, може исто така да изберете да ги испратите до Mozilla соодветните сертификати.
Заштита од фалсификување и напад на Firefox: Околу двапати на час, Firefox ги презема списоците SafeBrowsing (безбедно прелистување) од Google со цел да ви помогне да го блокирате пристапот до локации и преземања што се злонамерни или фалсификувани (Политиката на приватност на Google е достапна на https://www.google.com/policies/privacy/). За преземените извршни датотеки што не се појавуваат во овие списоци, Firefox може да испрати метаподатоци, вклучително и адреси на веб-локации (URL) поврзани со преземената датотека, до услугата SafeBrowsing (безбедно прелистување). Посетете ја https://support.mozilla.org/kb/how-does-phishing-and-malware-protection-work за да дознаете повеќе или за да го исклучите Safe Browsing (безбедно прелистување). Ако ги оневозможите овие функции, Firefox не може да ве предупреди за потенцијално незаконски или злонамерни веб-локации или преземени датотеки.
-
Статистика за употреба (наречена и „Telemetry“ во необјавените верзии)
Статистиката за употреба или „Telemetry“ е функција на Firefox што испраќа статистички податоци до Mozilla за користењето, перформансите и реакциите, за функциите на корисничката меѓуврска, меморија и хардверска конфигурација. Вашата IP-адреса исто така се собира како дел од стандардниот веб-дневник. Статистичките податоци за употребата се пренесуваат со помош на SSL и ни помагаат да ги подобриме идните верзии на Firefox. Откако ќе се испратат до Mozilla, статистичките податоци за употребата се агрегираат и им се ставаат на располагање на голем број програмери, вклучително и на вработени во Mozilla и други соработници. Кога е овозможена статистиката на употреба („Telemetry“), одредени краткорочни експерименти може да собираат информации за посетуваните веб-локации.
Оваа функција е стандардно вклучена во верзиите Nightly, Aurora и Beta на Firefox, со цел да им се помогне на нивните корисници во обезбедувањето повратни информации до Mozilla. Во општата објавена верзија на Firefox, оваа функција е стандардно исклучена.
Повеќе за Telemetry може да дознаете овде како и за тоа како се овозможува или оневозможува.
-
Сликоред
Предлози за пребарување е функција што ви помага да откривате чести фрази за пребарување што ги користеле други луѓе. Овие предлози за пребарување ги нудат нашите Стандардни пребарувачи (како што се Google, Yahoo, итн.) а не Firefox. Ако ја овозможите функцијава и вашиот стандарден пребарувач поддржува предлози, Firefox може да ги испраќа термините што ги внесувате во Awesome Bar или во Search Bar до вашиот стандарден пребарувач за да преземе предлози и подлежи на применливата Политика на приватност на вашиот стандарден пребарувач. Може да дознаете повеќе за функцијата Предлози за пребарување тука и како да ја овозможите или оневозможите.
-
Стандардно пребарување
За да ви помогне да го изберете најдобриот стандарден пребарувач за вашата локација, Firefox испраќа барање до Mozilla да ја побара вашата локација на ниво на земја, користејќи ја вашата IP-адреса. Тие информации на ниво на земја ги испраќаме назад до Firefox, каде што се чуваат локално. Потоа, Firefox ќе избере кој пребарувач да го користи како стандарден, врз основа на локално зачуваните информации за земјата. Може да дознаете повеќе тука, вклучително и како да ја оневозможите оваа функција.
Кога ќе побарате, Firefox исто така се поврзува со Mozilla за да ви обезбеди функции какви што се Sync (синхронизација), услуги за одредување локација, известувања за уривања и додатоци.
-
Sync
Firefox Sync е услуга што ви овозможува да ги синхронизирате обележувачите, историјата на прелистување, лозинките и поставките на Firefox со сите ваши уреди. Ако ја користите услугата Sync, може да ја прочитате Изјавата за приватност на Firefox Sync .
-
Услуги за одредување локација
Firefox има функција што им овозможува на веб-локациите да ја бараат вашата локација (на пр. да им овозможи на тие веб-локации да ја прикажат вашата локација на мапа). Доколку одредена веб-локација ја побара вашата локација, Firefox бара дозвола од вас пред да ја одреди и сподели вашата локација. За да ја одреди вашата локација, Firefox може да користи неколку податоци, вклучително и функциите за геолоцирање на оперативниот систем, WiFi-мрежи, базни станици за мобилна телефонија или IP-адреса. Проценувањето на вашата локација вклучува испраќање на некои од овие информации до услугата за геолоцирање на Google, која има своја сопствена Политика на приватност.
-
Пријавување уривања
Откако Firefox ќе се урне, имате можност да испратите извештај за уривањето до Mozilla. Овој извештај содржи технички информации кои ни помагаат да го подобриме Firefox, вклучително и да дознаеме зошто Firefox се урнал, активната URL-адреса во моментот на уривањето и состојбата на меморијата на компјутерот за време на уривањето. Извештајот за уривања што ќе го добиеме може да содржи лични информации. Делови од извештаите за уривања се достапни јавно на https://crash-stats.mozilla.com/. Пред јавното објавување на извештаите за уривања, преземаме мерки за автоматско уредување на личните информации. Не уредуваме ништо од тоа што може да го напишете во полето за коментари.
-
SSL-грешки
Кога ќе се прекине безбедна врска со некоја веб-локација, имате опција да испратите извештај за грешка до Mozilla. Во овој извештај се евидентирани сертификатот на веб-локацијата, како и дијагностичките кодови за грешки. Овие информации и помагаат на Mozilla да ја следи ефективноста на „прикачените“ сертификати на веб-локации и да открива потенцијални напади врз нашите корисници со обиди за кражба на нивниот идентитет.
-
Додатоци
Firefox нуди страница Земи додатоци (Get Add-ons) во Управникот за додатоци, каде што има популарни додатоци и прикажува персонализирани препораки врз основа на додатоците што веќе ги имате инсталирано. За да ги прикаже персонализираните препораки, Firefox испраќа информации до Mozilla, вклучително и список со додатоци што ги имате инсталирано, информации за верзијата на Firefox и вашата IP-адреса. Оваа комуникација се случува само кога делот Земи додатоци (Get Add-ons) е отворен и истата може да се исклучи со следење на овие упатства. Управникот за додатоци во Firefox има поле за пребарување каде што може да ги внесете клучните зборови за пребарување, а Mozilla ги собира овие клучни зборови за пребарување, како и информациите за верзијата на Firefox, локалните стандарди и оперативниот систем, за да ви ги прикаже препораките.
-
Push-известувања
Push-известувањата им овозможуваат на веб-локациите да ви испраќаат известувања и ажурирања ако се согласите. Firefox испраќа информации до Mozilla за тоа од кои веб-локации сте се согласиле да примате Push-известувања. Овие информации ги чуваме во анонимна форма, заедно со бројот на известувања што ви ги испраќа секоја веб-локација. За да им помогне на програмерите да ја подобрат нивната употреба на Push-известувања, Mozilla може да споделува агрегирани информации со одредени програмери, вклучително и бројот на посетители на нивната веб-локација, коишто се претплатиле или ја откажале претплатата за Push-известувања. Може да управувате со Push-известувања во Firefox следејќи ги овие инструкции.
Освен ако е наведено поинаку, оваа напомена за приватност се однесува на најновите општи верзии на Firefox. Верзиите пред објавување(Beta, Aurora/Developer Edition, Nightly и TestFlight) сѐ уште се во активен развој и може да содржат нови функции или да имаат различни карактеристики за приватност. Верзиите пред објавување автоматски испраќаат податоци од Telemetry до Mozilla за да ни помогнат да го подобриме Firefox.