Работи што треба да ги знаете:
Во зависност од тоа кои карактеристики на Услугите ги користите, ни испраќате различни типови податоци.
-
Адреса на е-пошта: Кога се регистрирате за сметка за Firefox, ги добиваме вашата адреса на е-пошта и хаш од вашата лозинка. Покрај тоа, може да додадете и слика од профилот или да користите Gravatar (во тој случај, ќе ја споделиме вашата адреса на е-пошта со Gravatar за да ја добиеме вашата слика од профилот).
-
Sync: Ако ја овозможите функцијата Sync, ги добиваме (во шифриран формат) податоците што ги синхронизирате на уредите (тука може да спаѓаат картичките на Firefox, додатоците, лозинките, обележувачите, историјата и поставките). Иако не можеме да ги дешифрираме овие податоци, треба да користите силна лозинка за да спречите неовластен пристап до вашите синхронизирани податоци. Исто така, складираме и информации за оперативниот систем на вашиот уред и за верзијата на Firefox за да ви прикажеме кои уреди се синхронизирани со вашата сметка.
-
Податоци за локација: Од безбедносни причини, ги складираме IP-адресите од кои пристапувате до вашата сметка за Firefox, за приближно да ги лоцираме вашиот град и земја. Овие податоци ги користиме за да ви испраќаме известувања преку е-пошта ако откриеме сомнителна активност, како што се најавувања на сметката од други локации.
- Најди го мојот уред: Ако ја овозможите функцијата „Најди го мојот уред“, ја добиваме приближната локација на вашиот уред само кога се најавувате на сметката за Firefox и конкретно барате од нас да лоцираме поврзан уред. Кога сте најавени, може да ги видите последните познати локации на вашиот уред на мапа. Редовно ги бришеме овие локации и нема да собираме информации за други локации, освен ако ни побарате.
Користиме колачиња (cookies), проѕирни GIF-датотеки (clear GIFs) и други веб-технологии за да ги понудиме и подобриме нашите производи и услуги.
-
Интернет-алатки за податоци: Користиме интернет-алатки за собирање податоци, какви што се колачиња, проѕирни GIF-датотеки и веб-светилници (web beacons) за да ја обезбедиме функционалноста на нашите производи и услуги. На пример, колачињата помагаат при најавувањето и автентикацијата на корисникот. Овие алатки ги користиме и за собирање податоци, за да ги подобриме нашите производи и услуги. На пример, користиме колачиња за да обезбедиме веб-аналитика.
-
Опции: Може да дознаете повеќе за тоа што се колачиња и да управувате со колачињата во Firefox кликнувајќи овде. Имајте предвид дека одредени функции на нашите и на други производи и услуги може да не функционираат правилно без помош на колачињата.