Mozilla

Изјава за приватност за интернет-услугите на Firefox

Се грижиме за вашата приватност. Кога услугите Cloud на Firefox („Услугите“) испраќаат информации до Mozilla (тоа сме ние), нашата Политика на приватност на Mozilla опишува како ги користиме тие информации.

Работи што треба да ги знаете:

Во зависност од тоа кои карактеристики на Услугите ги користите, ни испраќате различни типови податоци.

  • Адреса на е-пошта: Кога се регистрирате за сметка за Firefox, ги добиваме вашата адреса на е-пошта и хаш од вашата лозинка. Покрај тоа, може да додадете и слика од профилот или да користите Gravatar (во тој случај, ќе ја споделиме вашата адреса на е-пошта со Gravatar за да ја добиеме вашата слика од профилот).

  • Sync: Ако ја овозможите функцијата Sync, ги добиваме (во шифриран формат) податоците што ги синхронизирате на уредите (тука може да спаѓаат картичките на Firefox, додатоците, лозинките, обележувачите, историјата и поставките). Иако не можеме да ги дешифрираме овие податоци, треба да користите силна лозинка за да спречите неовластен пристап до вашите синхронизирани податоци. Исто така, складираме и информации за оперативниот систем на вашиот уред и за верзијата на Firefox за да ви прикажеме кои уреди се синхронизирани со вашата сметка.

  • Податоци за локација: Од безбедносни причини, ги складираме IP-адресите од кои пристапувате до вашата сметка за Firefox, за приближно да ги лоцираме вашиот град и земја. Овие податоци ги користиме за да ви испраќаме известувања преку е-пошта ако откриеме сомнителна активност, како што се најавувања на сметката од други локации.

    • Најди го мојот уред: Ако ја овозможите функцијата „Најди го мојот уред“, ја добиваме приближната локација на вашиот уред само кога се најавувате на сметката за Firefox и конкретно барате од нас да лоцираме поврзан уред. Кога сте најавени, може да ги видите последните познати локации на вашиот уред на мапа. Редовно ги бришеме овие локации и нема да собираме информации за други локации, освен ако ни побарате.

Користиме колачиња (cookies), проѕирни GIF-датотеки (clear GIFs) и други веб-технологии за да ги понудиме и подобриме нашите производи и услуги.

  • Интернет-алатки за податоци: Користиме интернет-алатки за собирање податоци, какви што се колачиња, проѕирни GIF-датотеки и веб-светилници (web beacons) за да ја обезбедиме функционалноста на нашите производи и услуги. На пример, колачињата помагаат при најавувањето и автентикацијата на корисникот. Овие алатки ги користиме и за собирање податоци, за да ги подобриме нашите производи и услуги. На пример, користиме колачиња за да обезбедиме веб-аналитика.

  • Опции: Може да дознаете повеќе за тоа што се колачиња и да управувате со колачињата во Firefox кликнувајќи овде. Имајте предвид дека одредени функции на нашите и на други производи и услуги може да не функционираат правилно без помош на колачињата.